Уапсен водачот на криминалниот Кавачки клан

од Nikola Popovski
432 прегледи

Наводниот водач на криминалниот Кавачки клан, Слободан Кашчелан, бил уапсен синоќа под сомнение за организирање криминална група која извршила и планирала неколку тешки кривични дела, за што му се заканува казна затвор од 40 години. Извор вклучен во истрагата за „Вијести“ изјавил дека се уапсени најмалку уште четири лица.

Според тие информации, Кашчелан и тројца наводни членови на таа група биле уапсени во Котор, а еден во Плевља.

Кашчелан е означен во полициските записи како еден од водачите на Кавачкиот. Освен него, полицијата го означува Радоје Звицер за шеф на тој клан, кој никогаш не бил уапсен во Црна Гора во поголеми полициски акции.

Полициската управа синоќа официјално не ги соопшти деталите за апсењата.

Слични содржини