Уапсен жител на Грчец баран со меѓународна потерница

од Nikola Popovski
353 прегледи

Полицијата информира дека денеска во општина Сарај било уапсено лице од селото Грчец, барано со меѓународна потерница.

-Околу 16 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје приведен е Е.З. (21) од с. Грчец, скопско, кој се барал со меѓународна потерница од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради истрага за ОА „Планина“ по член 215.

Лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство, соопштија од МВР.

Слични содржини