Уапсена е позната новинарка во Турција поради наводни навреди кон Ердоган

од Milan1
236 прегледи

Турскиот суд денеска нареди познатата новинарка Седеф Кабас да биде затворена до судењето, врз основа на обвинението за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јави Си-Ен-Ен Турк.

Полицијата ја уапсила Кабас околу два часот наутро и прво ја одвела во главната полициска станица во Истанбул, а потоа ја префрлила во главниот градски суд, кој подоцна ја донел одлуката за официјалното апсење, објави телевизијата, пренесе Ројтерс.

Законот во Турција предвидува затворска казна од една до четири години за навреда на претседателот.