Жената која го следела Тур де Франс и предизвикала масовен судир во текот на првата фаза од трката е уапсена по претрес, објави денес телевизијата БФМ повикувајќи се на полициски извори.
БФМ додаде дека полицијата уапси жена во Ландерно, во Бретања, во северозападниот француски регион, каде што се одржаа првите четири етапи на Тур де Франс, најголемиот велосипедски настан во светот, објави Ројтерс.
Таа е обвинета за ненамерно предизвикување повреди и загрозување на животот на другите, наведе БФМ.