Шефицата на наполитанската криминална група, Марија Личарди, е уапсена денеска додека се подготвувала да се качи на летот за Шпанија, објавија италијанските власти.
Министерот за внатрешни работи на Италија, Лучијано Ламоргезе, го пофали апсењето на Личарди (70) по наредба на неаполскиот обвинител, објави АП.
Позната по прекарот „Пиколета” (малечка) затоа што е ниска, Личарди (70) е сестра на покојниот Генер Личарди, основач на мафијашкиот клан Камора, лоциран во Неапол.
Марија Личарди помина осум години во затвор и беше ослободена во декември 2009 година, потсетуваат медиумите, додавајќи дека тогаш го презела раководењето со мафијата.
Уапсена е на аеродромот во Рим во моментот кога го предавала багажот пред да се качи на летот за Шпанија.
Таа е обвинета за изнуда, местење аукциска продажба и други дела од мафијашки карактер, додаваат локалните медиуми.