Уапсената руска новинарка се појави на суд, Макрон ѝ нуди азил (ФОТО)

од Nikola Popovski
230 прегледи

Уапсената руска новинарка Марина Овсјаникова денеска се појави на суд, информира еден од нејзините адвокати.

Овсјаникова е уапсена синоќа откако во програмата на Првиот канал на Русија истакна транспарент на кој пишуваше „Стоп за војната“. Таа моментално е на суд во Москва, а нејзините адвокати претходно изјавија дека не биле информирани за локацијата на која се наоѓа.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека Париз и нуди заштита и азил на Овсјаникова. Тој посочи дека „ќе му го предложи тоа решение на директен и многу конкретен начин“ на рускиот претседател Владимир Путин за време на нивниот следен телефонски разговор.

Макрон го осуди секое приведување на новинари и изрази надеж дека ситуацијата со Овсјаникова ќе се разјасни „што е можно поскоро“.

Слични содржини