Уапсени 15 шверцери кои префрлиле над 700 илегални мигранти, наплатувале 5.000 евра од лице

од Milan1
252 прегледи

Австриската полиција уапси 15 шверцери на луѓе, кои од српско-унгарската граница во Австрија префрлиле над 700 илегални мигранти.

Според полицијата, тие зеле од 4.000 до 5.000 евра по лице.

Шверцерите на тој начин заработиле повеќе од 2,5 милиони евра.

„На сите контроли имало обид возачот да избега“, соопшти полицијата на Долна Австрија.

Криминалистичката служба на Долна Австрија во октомври покрена истрага против криминална банда, која редовно префрлала илегални мигранти од српско-унгарската граница во Австрија.

Возилата што ги користеле биле регистрирани во Австрија или Унгарија.

Маршрутата водела од Унгарија преку Словачка и Чешка до граничниот премин кај Мистелбах, од каде мигрантите биле пренесени во Виена.

Слични содржини