Вчера полицијата во Прилеп уапсила 7 лица откако со дрвени и метални предмети нападнале двајца браќа и сестра.
„На 18.08.2024 во 16.15 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Т.А.(24), З.А.(41), Ш.А.(69) и Џ.А.(34), сите од Прилеп. Тие се сомничат дека околу 15.30 часот заедно со уште две лица физички го нападнале К.Ф.(38) од Прилеп, неговиот брат А.Ф. и нивната сестра, при што употребиле дрвени и метални предмети. Претходно, во 14.00 часот и Е.А.(47) од Прилеп пријавил дека околу 09.30 часот, тој и неговиот син Т.А.(24) биле физички нападнати од А.Ф., К.Ф. и С.Ф., сите од Прилеп, кои употребиле тврди предмети. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.