127
Двете истакнати ирански актерки Хенгаме Газиани и Катајун Ријахи се уапсени поради јавна поддршка на протестите во земјата, објавија иранските државни медиуми.
Газиани и Ријахи беа уапсени поради дејствување против иранските власти, а двете жени претходно се појавија во јавноста без задолжителните марами во знак на солидарност со демонстрантите, објави новинската агенција Ирна.
Двете актерки беа приведени во неделата по наредба на иранското обвинителство, а пред нивното апсење, Газиани преку социјалните мрежи изјави дека „што и да се случи, знајте дека секогаш ќе бидам со народот на Иран“ и додаде дека можеби тоа е нејзиното последно обраќање.