Уапсени се две блиски соработнички на Навални

од Nikola Popovski
291 прегледи

Кира Јармуш, портпаролка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, е уапсена во близина на нејзиниот дом, потврди нејзиниот адвокат денес пред демонстрациите закажани поради влошувањето на здравјето на Навални, кој штрајкува со глад во затвор.

Уапсена е и Љубов Собол, уште една соработничка на Навални, пренесува Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа обраќање до нацијата, посветено на проекти насочени кон стимулирање на економскиот раст. Руските опозициски активисти организираа протести по обраќањето на Путин.

Слични содржини