Уапсени седум лица, спречен терористички напад во Данска?

од Nikola Popovski
132 прегледи

Седум лица се уапсени во Данска под обвинение дека се обиделе да направат експлозивни направи, планирајќи терористички напади, соопшти полицијата, по заедничката акција со колегите од Германија.

Состојките за изработка на експлозивни направи и оружје биле пронајдени при апсењата, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг.

– Веруваме дека поединци имале намера и капацитет да извршат терористички напади во Данска – се додава во соопштението на данската полиција.

Слични содржини