Уапсени шест члена на криминалната група на Беливук

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Во координирана акција на припадници на Министерството за внатрешни работи, Службата за борба против организираниот криминал, Полициската управа за град Белград, Агенцијата за безбедносна информација и Обвинителството за организиран криминал, уапсени се шест млади луѓе под сомнение за вршење кривични дела како членови на организирана криминална група.

Според белградските медиуми, постои сомневање дека С.М. (1981), А.Д. (1997), М.Л.С. (2000), М.С. (1999), В.Ш. (2002) и А. С. (1999) се членови на криминалната група на Вељкко Беливук и Марко Миљковиќ.

При претрес на становите на осомничените, запленети се два пиштола, воздушна пушка, околу 600 куршуми, мала количина дрога, како и неколку мобилни телефони, компјутери и пари.

Осомничените се притворени до 48 часа, а заедно со кривичната пријава ќе бидат изведени во Обвинителството за организиран криминал.

Слични содржини