19
– На 18.07.2025 година во 16,30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода шест државјани на Република Чешка на возраст од 30 до 40 години.
Тие биле затекнати кај браната во општина Липково како неовластено снимаат со дрон.Сите биле приведени во полициска станица, известен е надлежен ЈО, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, информираат од полицијата.