Уапсени службеници од бугарското Министерство за одбрана за шпионажа во корист на Русија

од Vladimir Zorba
455 прегледи

Двајца вработени во бугарското Министерство за одбрана се уапсени и приведени на 72 часа за шпионажа, соопшти денеска Министерството.

Тие се осомничени за доставување доверливи информации на странска земја, пренесува БТА.

Како што се наведува, нивното апсење е резултат на оперативни истражни чекори преземени од безбедносните служби, а против нив е поведена кривична постапка.

Претходно денес, руската агенција ТАСС објави дека неколку лица осомничени за шпионажа во корист на Русија биле уапсени во акцијата на државната агенција за безбедност на Бугарија.