325
Во Пакистан денеска се уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави поради силниот ветер, соопшти локалната полиција.
Двајцата мажи биле приведени откако сите деца биле спасени, но не се наведени детали за обвиненијата против нив.
Пакистанската армија вчера спаси шест деца и двајца возрасни, кои останаа заробени во жичницата, заглавена на висина од околу 370 метри.
Децата со жичницата патувале на училиште во оддалечената планинска област Батаграм, околу 200 километри северно од Исламабад, соопштија властите.