267903-alfite-uapsile-razbojnici-od-shtip

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Ш.М.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво“. Пријавениот на 13.02.2016 година околу 16.00 часот на автобуска постојка на Бит пазр се доближил на оштетената и започнал разговор со неа. Кога оштетената се качила во автобус на ЈСП , се качил и Ш.М. и по кратко време воспоставил комуникација со неа. Успеал да ја убеди да слезат во с.Трубарево на тој начин што и ветил дека ќе и помогне да најде сместување и работа во кафеана во истото село. Кратко се задржале во кафеаната по што отишле во неговиот дом, каде се задржале околу еден час по што Ш.М. ја избркал оштетената и и го одземал телефонот. Ш.М., инаку, е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во периодот од 2003-2007 година поднесени му биле четири кривични пријави.

Ограбени стан и фирма, сообраќајки…

ПС Радовиш поднесе кривична пријава против М.Е. (26) во Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 16.12.2015год. околу 14.30 часот кај полигонот за полагање во Радовиш дошло до расправија, која подоцна преминала во тепачка, помеѓу пријавениот од една страна и Е.Ј. (45) од Радовиш од друга страна. По кратко време во тепачка се приклучиле и членови од нивните фамилии. Во еден момент пријавениот М.Е. земал метална шипка и со истата му нанел тешки телесни повреди на И.И. од Радовиш.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Р. (35), Д.А. (19), Н.Е. (34) и Е.И. (26), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба” . На 03.12.2015 година пријавените лица со две патнички возила од м.в. Црници на планината Бабуна во близина на регионалниот земјен пат Велес – Прилеп, од Шума со која стопанисува ЈП Македонски Шуми – Велес противправно исекле седум метри кубни дабово огревно дрво без дозвола, испратница и жиг, при што причиниле штета на ЈП Македонски Шуми – Велес од 49.000 денари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.О. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Во текот на месец септември 2015 година, пријавениот се сретнал со Д.Ц. од Куманово кого го довел во заблуда дека е надворешен соработник на Машински факултет во Скопје и дека за сметка на факултетот работи на терен на прибирање податоци од возила за вршење атест, односно тој ги прибирал податоците и им ги доставувал потврдите откако ќе била завршена целата работа. По ова, пријавениот го фотографирал товарното возило на оштетениот марка „Ивеко“ и ги запишал податоците од сообраќајната дозвола по што изготвил фалсификувана потврда за наводно извршен атест на товарно возило и по четири дена во плико заверено со печат и штембил од Машински факултет-Скопје му ја доставил на оштетениот кој за истото му платил 18.000 денари, по што фалсификуваната потврда заедно со другата документација ја поднел во СВР Куманово.
РЦ за ГР Север поднесе кривична пријава против Т.Ќ. (54) од с.Ваксинце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчаење мигранти“. На 17.02.2016 година од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот во с.Ваксинце при што се пронајдени 17 мигранти од Пакистан. Од преземени мерки утврдено е дека мигрантите оствариле илегален влез од Р.Грција, по што биле сместени во домот на пријавениот со цел да бидат пренесени преку граница, до договорена дестинација.

НК за КР Радовиш поднесе кривична пријава против лицето С.А. (50) од Радовиш, помлад референт за управни работи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, како референт за регистрација на моторни возила во НК за Управни работи при ПС ОН-Радовиш на 13.07.2015 година во 20.30 часот, извршил продолжување на важноста на сообраќајната дозвола на тој начин што во графата „дозволата важи до“ внел датум 13.07.2016 година. На тој начин пријавениот го регистрирал приклучното возило без да биде поднесено барање за продолжување на регистрација од сопственикот на возилото. Со вака регистрирано приклучно возило пријавениот му овозможил на сопственикот кој со возилото бил во странство да изврши транспорт на услуга-превоз на стока од Р.Македонија за Р.Бугарија и да се стекне со имотна корист од 31.346,00 денари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.П. (18) и седумнаесетгодишно девојче, двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.02.2016 година, околу 13.00 часот во Куманово на ул. „Народна Револуција“ , без повод и причина, физички нападнале малолетничка од Куманово која се движела пеш при што и нанеле телесни повреди во пределот на главата и телото.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Џ.А. (23) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.11.2015 година од страна на полициски службеници во Прилеп извршен е преглед на пријавениот и неговото патничко возило при што се пронајдени и одземени 0,17 грама наркотична дрога марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Т. (20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 31.07.2015 година, околу 03,40 часот во Охрид од страна на полициски службеници забележан е пријавениот како користи рачно изработена цигара и истата му ја дал на неговиот познаник С.Ј. (21) од Велес. Од преземени мерки утврдено е дека станува збор на 0,26 грама мешавина на наркотична дрога марихуана и тутун.

Слични содржини