474
„Денеска (18.02.2022) околу 09.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 25-годишниот тетовец А.С. за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово” во Тетово за издржување на казната.
Исто така денеска околу 00.10 часот на улица „Гоце Делчев” во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 21-годишниот гостиварец Ј.А. од Гостивар за издржување на затворска казна. По приведувањето, Ј.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово” во Тетово за издржување на казната“, информираат од МВР.