399
„Вчера во периодот од 10.20 часот до 17.50 часот, со судски наредби, на улиците „Никола Парапунов“ и „Илинденска“ во Гостивар и во гостиварски Балиндол, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле гостиварците Б.С.(43), Е.Љ.(27) и Б.Ј.(25) од Балиндол за издржување на затворски казни.
Набргу потоа, тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните“, информираат од МВР.