Уапсени 12 лица по инцидентот на натпреварот помеѓу Трабзонспор и Фенербахче

од Симе Стоиков

Дванаесет лица се уапсени по насилството што изби по натпреварот од турското фудбалско првенство меѓу Трабзонспор и Фенербахче, соопшти министерот за внатрешни работи.

„Уапсени се 12 лица кои се идентификувани како инволвирани во инцидентите што се случија по натпреварот Трабзонспор – Фенербахче“, напиша министерот Али Јерликаја на социјалната мрежа Х.

Покрај навивачите кои упаднаа на теренот, уапсени се и пет лица кои преку социјалните мрежи повикуваа на насилство, додаде министерот.

Инцидентот се случи по натпревар кој Трабзонспор го загуби со 2:3 на домашен терен, додека фудбалерите на Фенербахче славеа победа. Навивачите на домашната екипа ги нападнаа играчите и тренерот на клубот од Истанбул, додека голманот Доминик Ливаковиќ беше удрен во глава.

„Апсолутно неприфатливо насилство за кое нема место во нашиот спорт, на или надвор од теренот. Сите играчи мора да бидат безбедни играјќи го овој спорт каде било во светот“, напиша претседателот на ФИФА, Џани Инфантино на Инстаграм.

Слични содржини