Уапсено момчето на Ријана, полицијата го чекала на аеродром

од Nikola Popovski

Раперот АСАП Роки, момчето на пејачката Ријана, е уапсен на аеродромот во Лос Анџелес, пишува TMZ.

Апсењето, наводно, било поради наводен инцидент на 6 ноември 2021 година, кога едно лице тврдело дека раперот три или четири пати пукал кон него и неколку други луѓе.

Очевидци за споменатите медиуми изјавиле дека раперот слетал на аеродромот во Лос Анџелес од Барбадос, со приватен авион и дека таму го чекала полицијата. Како што беше кажано, раперот е уапсен поради ракување со смртоносно оружје.

Наскоро треба да се знае што понатаму со Роки, а споменатиот медиум наведува дека тој треба и официјално да биде обвинет.

Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

Слични содржини