Атрактивните мажи поретко добиваат покачување, бидејќи нивните колеги ги доживуваат како закана, тврдат британски научници, цитирани од “Дејли телеграф”.
Научниците од факултетот за менаџмент на Лондонскиот универзитетски колеџ открија дека атрактивниот изглед на мажите создава впечаток за компетентност.
Како резултат на тоа, сепак нивните колеги ги прифаќаат како силни ривали и најверојатно воопшто нема да ги допуштат до работни места кои бараат индивидуален талент. Тие имаат шанса за тимска работа, ако началникот процени дека ќе придонесат за неговата кариера. Ова сепак не важи за жените, бидејќи кај нив убавината не се поврзува со компетентност.
“Организациите сакаат да ги вработат најдобрите кандидати, но индивидуите имаат свои приоритети. Тие не би сакале да се земе на работа некој кој е подобар и може да ги надмине. Менаџерите пркосат на стереотипите и можат да донесуваат одлуки кои се во нивен сопствен интерес. Така организациите можат да не ги добијат најкомпетентните кандидати “, вели шефот на тимот д-р Сун Јанг Ли.
Таа препорачува конкурсите да се организираат со надворешни компании за човечки ресурси, за да се избегнат слични решенија.