Убавата Летиција го прифати предизвикот на Роналдо (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Шампионката во возење велосипед, Летиција Патерностер (20) сега е последна во низата спортисти што го прифати предизвикот на Кристијано Роналдо, кој во соработка со спонзорот Најк, ја започна приказната за „што поголем број на стомачни за 45 секунди“.

Пандемијата на коронавирусот го одведе половина свет во домашна изолација, па затоа се препорачува секаков вид физичка активност. А Летиција инаку тренира секој ден.

Велосипедизмот одамна е заклучено од експертите дека е еден од најтешките, ако не и најинтензивните, спортови. Не е ни чудо што јуниорскиот светската и европска шампионка е во врвна форма, подготвена за што било, па и за предизвиците на Роналдо.

Летиција Патерностер ги праша своите обожаватели и следбеници, откако сама си го комплетираше предизвикот: „Колку стомачни можете да направите вие за 45 секунди?“

Слични содржини