Џулија Робертс западна во комична ситуација откако за време на гостувањето во шоуто на Џими Кимел беше запознаена од него со уште девет жени во светот со име како нејзиното. Добитничката на “Оскар” остана изненадена од фактот дека не е единствената носителка на тоа име и презиме, но брзо влезе во разговорот и дури се позабавува онлајн со дамите.=
“Можеби сум премногу заљубена и не дошло на мојот ум, дека некој друг може да се вика Џулија Робертс”, призна ѕвездата пред Кимел.
Џими набрзина оствари Скајп врска со деветте дами кои успеаја да поразговараат со Џулија во етерот и да раскажат комични приказни. Една од нив изјави дека да се викаш така може да се покаже како доста непријатно, бидејќи постојано ја терале да си ја покажува личната карта, за да докаже дека не се шегува на сметка на ѕвездата.