Убавините на комунизмот се уште ги делат Германците!

од desk3
79 прегледи

25 година по обединувањето, двата дела на Германија сеуште радикално се разликуваат, покажува истражувањето, цитирано од Ројтерс.

brd_ddr

Многу од Германците од источниот и западниот дел на земјата дури не се трпат. 1/3 од источните Германци ги сметаат западните како арогантни.

Авторите на истражувањето, направено од Берлинскиот институт за демографија и развој, истакнуваат дека ќе потрае уште една генерација пред Германија да биде оперативна обединето.

Резултатите од истражувањето ни изненадија. Како и во 1990 година и сега двата дела на Германија се неверојатно различни, рече Рејнер Клингхолц, директор на Институтот.

Фактори како застарени економски структури и начин на живот, наметнат на граѓаните за време на комунистичкото управување, ја запираат реална интеграција на Германците.

“Обединување не е политички акт на волја, туку долг процес”, додаде Клингхолц.

Иако економските разлики се намалуваат и протокот на селење во западниот дел на земјата вече престанал, истражувањето покажува дека работниците во источниот дел на Германија во просек заработуваат со ¼ помалку од западните Германци, исто така работат повеќе и имаат помала продуктивност .

Недвижностите во источниот дел на земјата, со исклучок на Дрезден и Лајпциг, во просек се половина поевтини во споредба со западните територии.

Пред прославата на 3 октомври, кога се одбележуваат 25 години од обединувањето, најголемата противречност е во односот меѓу луѓето. Грубо ¾ од источните Германци не се вбројуваат во некоја верска заедница, но во западните региони на Германија ситуацијата е обратно.

На пример, во Западна Германија претпочитаат BMW, а во источниот дел – Skoda од Чешка.

30% од западните Германци веруваат дека е подобро мажите да работат, а жените да останат дома, додека во Источна Германија традиционално жените одат на работа.

Во последните 25 години се родени 19 милиони луѓе – под ¼ од населението на Германија – и во 2040 година, кога ќе се наполнат 50 години од обединувањето на Германија, се проценува дека уделот на родените ќе биде повеќе од половина.

Тогаш ќе видиме нова Германија, смета Клингхолц.