Убавото лице најлесно се забораваа – освен ако не сте Анџелина Џоли

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Изреката дека убавото лице никогаш не се заборава не е точна, тврдат научниците, а имаат и едноставна студија која докажува дека лицето на кое ништо не му „фали“ е потешко да се запамети.

Германски научници од Универзитетот во Јена тврдат дека убавите лица со симетрични линии најлесно се забораваат, додека лицата со невообичаени или асиметрични детали, како што е поголемиот нос, најлесно се паметат.

Причината за тоа е што мозокот не може да се концентрира на запомнување на деталите што се хармонични, затоа што е под влијание на емоциите. Сепак, убавото лице кое исто така има некои експресивни или невообичаени карактеристики, како што се усните на Анџелина Џоли, ќе остане во нашето сеќавање, покажа студијата.

Во тоа истражување, волонтерите набљудувале различни портрети на луѓе неколку секунди, по што повторно им биле прикажани слики од лица со прашање за кое од нив се сеќаваат дека веќе го виделе, пишува „Дејли Меил“.

Испитаниците најмногу се сеќавале на луѓе кои ги оценувале како помалку убави, како и на оние за кои велат дека се привлечни, но исто така забележале дека имаат одредени „несовршености“. Лица со хармонични, симетрични обележја, на кои ништо не „излегува“, што ги ставаат во категоријата универзално привлечни без размислување – се покажа дека најслабо се сеќаваат.

„Порано мислевме дека генерално е полесно да се сеќаваме на привлечни лица, но вистината е дека ќе ги паметиме оние кои не се“, рече Хилгер Визе, кој го водеше истражувањето. Тој додава дека тоа не значи дека не сакаме подолго да гледаме на привлечни лица или дека убавината не носи одредени предности на начинот на кој другите нè перципираат.

Сепак, после ова, сигурно ќе размислите дали да го земете како комплимент кога ќе ви кажат дека вашето лице не се заборава.

Слични содржини