Убедлив пораз на Вардар во Тетово

од Milan1
18 прегледи

Во ПМФЛ се одигра 8 коло каде Шкендија на домашен терен го пречека Вардар. Тетовските „црвено-црни“ поведоа со голот на Трумчи и брзо стана јасно дека овој меч ќе биде едносмерна улица, нешто во што се уверивме до крајот на полувремето.

Шкендија постигна уште два гола преку Ибраими и Ахмеди и веќе во 27-та минута беше 3:0, па и стана јасно дека бодовите остануваат под Шара.

Во вториот дел, конечните 4:0 ги постави Флорент Рамадани, а овој резултат беше актуелен и на натпреварот меѓу Брера и Пелистер кој им припадна на домаќините од Струмица.

Дерби пресметка се играше и во Скопје каде Работнички покажа дека е навистина импресивен на стартот на сезоната, а победата од 2:1 над Шкупи дополнително ќе ја зголеми самодовербата кај „романтичарите“.

Шампионот Струга беше пред победа над Гостивар и водеше 2:1 до самата завршница, но на крајот прими гол и ова ново дерби во македонскиот фудбал заврши со резултат 2:2.

На останатите две средби, Беса ја победи Воска со 1:0, додека Тиквеш и Силекс ремизираа со најнепопуларните 0:0.

Резултати 8. коло:
Брера – Пелистер 4-0
Беса – Воска 1-0
Работнички – Шкупи 2-1
Шкендија – Вардар 4-0
Струга – Гостивар 2-2
Тиквеш – Силекс 0-0

Табела: Шкендија 17, Гостивар 16, Работнички 16, Силекс 13, Струга 12, Брера 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Беса 8, Вардар 7, Тиквеш 5, Воска 5.

Слични содржини