Убедлива победа на македонските одбојкари на гостувањето во Грузија

од Milan1
30 прегледи

Македонската одбојкарска репрезентација со убедлива победа ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Попладнево во Тбилиси, Македонија ја победи Грузија со убедливи 3:0, по сетови (25:12, 25:14 и 25:18).

По осум дена (25 август) македонските одбојкари ќе ја пречекаат Грција во рамките на 2. коло од квалификациите за ЕП 2026 група-Ф.

Директен пласман на Европското првенство ќе обезбеди само првопласираната репрезентација.

Слични содржини