Uber ќе плати 1,1 милиони долари поради дискриминација на слепа жена

од Vladimir Zorba
442 прегледи

Uber беше тужен во 2014 година за дискриминација на слепи лица и нивни кучиња водичи и тие се согласија да ја променат својата политика како дел од спогодба од 2,6 милиони американски долари. Uber го финализираше решението во 2016 година, но сега треба да платат дополнителни 1,1 милиони за дискриминација на Лиса Ирвинг.

Според „The San Francisco Chronicle“, Ирвинг доцнела на работа, лекарски прегледи, роденденски забави поради дискриминација и неколкупати била оставена надвор во мрак и на дожд, бидејќи таа и нејзиното куче-водич, возачите на Uber, одбиле да ја возат.

Ирвинг одлучи да го тужи Uber, по што американската компанија се обиде да се одбрани. Имено, тие рекоа дека не се одговорни за дискриминаторското однесување на возачите бидејќи тие се само привремени работници на платформата, а не постојани вработени.
Судијата ги отфрли наводите на одбраната и донесе одлука дека Uber мора да плати отштета од 324.000 долари и правни трошоци од 805.313 долари.

Слични содржини