„Убер“ за приватни авиони почна со работа и во Европа

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 

Апликацијата за мобилен телефон, дефинирана како “Убер” за приватни авиони, започна да ги нуди своите услуги и во Европа, пишува британскиот весник “Телеграф”. 4730040Тоа ќе им овозможува на сите кои сакаат да уживаат во празни места на луксузни приватни авиони меѓу градовите Лондон, Париз и Женева. Во мај ќе биде отворена и линија до Ница, а на крајот на годината и до Москва.

Апликацијата “JetSmarter” може да се користи во САД од 2013 година, но дури сега доаѓа на европска почва. Во неа можеше да биде купен билет за авионот за шестмина “Citation” CJ3, кој тргна од Лондон за Париз во осум часот наутро денес, за сума од 749 долари.

Лет од Британија до Женева пак чини 999 долари. Билет за осум-местен авион со курс помеѓу Лос Анџелес и Сан Франциско пак чини 599 долари. Лет помеѓу Њујорк и Чикаго со новата апликација може да чини 1599 долари, а меѓу Сан Франциско и Њујорк – 4990 долари.

“JetSmarter” им овозможува на патниците да си задржат место, со исплата при тргнување, или директно да платат членство вредност 9000 долари и да патуваат неограничен број пати. Апликацијата исто така нуди и чартер услуга лпока овозможува да се резервира и целиот лет на неискористени приватни авиони.

До сега апликацијата е симната од 15 000 луѓе само во Велика Британија, а во светски рамки бројот на корисниците кои плаќаат за услуги преку неа, се зголемува двојно на секои три