Убиецот кој ги задави синот и сопругата во БиХ извршил самоубиство?

од Nikola Popovski
890 прегледи

Утрово продолжи потрагата по бегалецот Емир Селимовиќ, осомничен за убиството на сопругата Инела Селимовиќ и нивниот 13-годишен син. Оваа информација ја потврдиле од Обвинителството на кантонот Тузла, БиХ.

Имено, како што јавува РТРС, во рамки на потрагата по бегалецот, денеска кај Дреновското езеро биле ангажирани припадници на Специјалната антитерористичка единица на полицијата на Република Српска и нуркачки екипи.

„На оваа локација синоќа се пронајдени последните траги на бегалецот, поради што постои можност да се самоубил скокајќи во езерото“, изјавиле за РТРС од полициската управа во Бања Лука.

Воедно, полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Република Српска презеле и низа други мерки и дејствија на поширокото подрачје на Бања Лука, врз основа на информации и пријави за можни движења на лицето кои не се потврдени.

За потсетување, полициски службеници од МВР на Република Српска го пронашле автомобилот „шкода фабија“ што го користел осомничениот за убиството на Инела Селимовиќ и 13-годишното момче. Возилото е пронајдено во селото Горња Мравица кај Прњавор, а потрагата по осомничениот се уште е во тек.

Слични содржини