Убиецот од Ница – молчалив осаменик со фризура како на Џорџ Клуни

од desk3
80 прегледи

Кој е убиецот од Ница?

Мохамед Лауаејџ Булел е 31-годишен француско-туниски државјанин, со досие во полиција, кој е сметан за сторител на нападот во Ница, во кој загинаа над 80 лица, а стотици беа повредени откако тежок камиони помина низ мноштвото пешаци по улицата, на прославата денот на независноста во Франција.

Соседите на Булел беа сослушани и го опишуваат како “осаменик” со фризура како на Џорџ Клуни, пишува Telegraph.

Image_5648328_407

Според извештаите, тој е роден во Тунис во 1985 година и има дозвола за престој во Франција. Полицијата изврши претрес во неговиот дом, каде што тој живее сам по разводот со неговата сопруга и мајка на три деца.

Француските телевизии посочија дека токму по разделбата, тој паднал во депресија. Соседите истакнуваат дека тој не се интересирал за религија, а преферирал жени и салса.

Велат уште дека бил несреќен по разводот, и дека паднал во финансиски тешкотии. Го опишуваат и како “депресивен и нестабилен, дури агресивен во последно време”.

https://youtu.be/MnmkQp0VINg

Неговата соседка Јасмин вели дека бил “груб и малку чуден”:

“Задржував вратата за него и тој едноставно не ме перцепираше. Беше повлечен и не делеше многу за себе, но се жалеше многу за својата жена. Имаше семејни проблеми и постојано ги раскажуваше на луѓето во локалното кафе. Децата ми се плашеа од него”

1468576145-1

Таа додава дека бил многу умен и имал истата фризура како на Џорџ Клуни.

Соседот на Булел Себастијан пак вели дека “немал изглед на религиозен човек” и често носел панталони, понекогаш чевли .

Друг сосед го опишува како згоден, кој често не ги прикривал двете негови ќерки.

Велат уште дека бил тивок и темпераментен. Не е јасно дали ја исповеда муслиманската вера. Имал мотор.

Друга жена која живее во блокот споделува:

“Речиси не го познавав, но од тоа што го гледав, изгледаше многу чуден. Живееше сам. Зборуваше многу малку со нас и не беше многу мил. Никогаш не ја задржуваше вратата.”