Убиен 24-годишен фудбалер при обид за киднапирање – играше на ОИ за својата држава

од Симе Стоиков
250 прегледи

Јужноафриканскиот фудбалер Лук Флеурс (24) починал откако бил застрелан при обид за киднапирање. Според извештаите, тој бил убиен во Јоханесбург.

„Марка“ објави дека несреќниот млад човек е убиен при обид да го киднапираат и да му го украде автомобилот, а конечните околности се уште не се потврдени од полицијата.

Флеурс на Олимписките игри во Токио ги бранеше боите на својата Јужна Африка. На клупски план играше за Убунту Кејп Таун и СуперСпорт Јунајтед во неговата родна земја.

По тој повод неговиот поранешен клуб Убунту Кејп Таун објави сочувство до семејството за трагедијата.

„Со тага дознавме за смртта на дефанзивецот Лук Флорес. Нашето длабоко сочувство до семејството на Флеурс, пријателите и пошироката јужноафриканска фудбалска заедница“, објави неговиот поранешен клуб Убунту.

Слични содржини