Црногорската полиција идентификувала подгоричанец кој бил убиен, а потоа запален во селото Штеке, на излезот од Подгорица кон Цетиње, соопштија повеќе извори од таа безбедносна институција.
Наводно, се работи за дваесет и тригодишниот В.В., кој бил поврзан со Шкаљарскиот криминаен клан, пишува подгорички „ВијестиЕ.
Според неофицијални информации, тој доцна синоќа бил идентификуван од членовите на семејството.
Полициската управа не излегла со никакво официјално соопштение откако бил пронајден полујагленосаниот труп.
Неговото тело вчераутро го забележал жител кој бил во посета на имотот и за тоа ја известил полицијата.
Инспекторите на лице место затекнале страшна глетка – во шумата, покрај слепа улица, на 200-тина метри од главниот селски пат, имало полујагленосано тело, а покрај трупот имало неколку чаури.