Убиен мексикански новинар

од desk2
118 прегледи

 

Мексиканските власти соопштија дека новинарот Сантјаго Баросо е убиен во северната сојузна држава Сонора.

Наведено е дека Баросо (47) е изрешетан синоќа, која ја отворил вратата од куќата на лице кое ѕвонело на ѕвончето. Баросо успеал да се врати во куќата, да викне итна помош, но починал во болница од рани во стомакот и во рамото.

Тој е трет новинар за кој се знае дека оваа година е убиен во Мексико.

Покрената е истрага.

Мексико е високо на листата на земји по број на нерешени убства на новинари.