Раперот Кирнан Форбс, попознат како АКА, беше убиен заедно со еден другар во Дурбан, Јужна Африка. Дуото во тој момент тргнало кон нивниот автомобил.
Пред околу две недели го прослави својот 35-ти роденден и зад себе го остави синот Каир. Неколку часа пред смртта тој на Твитер напиша за својот нов албум кој треба да излезе до крајот на овој месец.
„Со голема тага ве известуваме за смртта на нашиот син. Почина трагично на 10 февруари 2023 година. Се надеваме дека полицијата наскоро ќе ни даде повеќе детали. Беше син, брат, внук, братучед, пријател и што е најважно татко. За многумина ќе остане познатиот АКА. Тој сакаше и беше сакан. Ја бараме вашата приватност во овие тешки моменти. Ви благодариме за зборовите на поддршка. Тони и Лин Форбс“, соопштиле неговите родители преку неговите профили на социјалните мрежи.
— AKA (@akaworldwide) February 11, 2023
АКА ја започна својата кариера како член на групата „Entity“.
Добитник е на бројни награди, неколку пати беше номиниран за BET (Black Entertainment Television Award) и еднаш за „MTV Europe Music Award“.