Убиен свештеник во Франција, напаѓачот уапсен

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Свештеник денеска беше убиен во село на западот на Франција, изјави министерот за внатрешни работи на таа земја, Жералд Дарманин.

Тој веднаш отишол во областа Вонде, каде што се случило убиството.

Детали за убиството се уште не се познати.

Француските медиуми јавуваат дека напаѓачот ѝ се предал на полицијата, и дека станува збор за човек кој бил под судски надзор бидејќи претходно бил обвинет дека ја запалил катедралата во Нант.

Наводно свештеникот бил убиен од мигрант од Руанда, кој претходно побарал азил во Франција, но барањето било одбиено.

Слични содржини