Популарната тиктокерка и фото-модел Федра Одед била убиени пред теретана, јавуваат мексиканските медиуми. 24-годишната Федра Одед била застрелана сред бел ден додека седела во својот црн мерцедес во четвртокот. Популарната ѕвезда на социјалните мрежи била паркирана пред салата „Hardcore Fitness“ во населбата Лопез Лусио во Тихуана, Мексико кога трагично загинала.
Вооружениот напаѓач го воочил нејзиниот автомобил во 8.35 часот по локално време, пред да испука неколку истрели низ прозорецот. Toj потоа побегнал од местото на злосторството.
Очевидците за брзо време повикале брза помош. За жал, по нивното пристигнување, само ја нашле само мртва и без пулс.
View this post on Instagram
Сведоците на местото на настанот ѝ рекле на полицијата дека напаѓачот избегал со возило марка „Шевролет HHR“. Тие исто така тврделе дека повеќе од едно лице било вклучено во злосторството.
Мексиканската полиција трага по убијците.