306
Во барот „Пин“ во центарот на Риека денеска се случила тепачка во која е убиена жена, јавува агенцијата Хина, повикувајќи се на извори од Полициската управа на Приморје-Горски Котар.
Според првите податоци, во тепачката учествувале маж и жена.
Во 14.42 часот во полиција било пријавено дека имало тепачка во кафуле на плоштадот Павлински, како и дека една жена е повредена.