Повод за протестите се две претходни убиства на црнци од страна на полицајци
Четворица полицајци се убиени, а други 11 се повредени во центарот на американскиот град Далас за време на протести. Веста за убиените полицајци беше потврдена од страна на директорот на полицијата во градот Дејвид Браун. Во последното деноноќие во многу големи американски градови се собраа големи групи демонстранти. Повод за незадоволството се двете убиства на црнците од страна на полицајци. Според Си Ен Ен убиецот сеуште не е фатен.
Полицијата го бара, и не е познато дали имал соучесници. Силите на редот размножија слика на наводниот убиец кој е облечен во маскирна маица и носи пушка во раката. Тој е од афро-американски потекло.
Блокирани се неколку областа на Далас. Медиумите јавуваат дека можеби двајца снајперисти стрелале врз полицајците. Можно е да се повредени и други луѓе.
Во Минесота во средата полицајци го застрелаа 32-годишниот црнец Филандо Кастилија. Тој беше повреден со неколку истрели на воланот на својот автомобил, откако беше запрен од сообраќајни полицајци. Во возилото, освен Кастилија, беа жена и дете. Кастилија почина во болница од здобиените повреди. Инцидентот се случи , откако Министерството за правда во САД започна истрага за убиството во вторникот од други двајца полицајци на 37-годишниот црнец Елтон Стирлинг во градот Батон Руж, државата Луизијана.