Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски синоќа бил уапсен во населбата Младост од страна на полицијата откако жената со која живеел го пријавила за насилство, објави Бугарското национално радио
За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол.
„Игор Спасов беше уапсен вчера во главниот град, во областа Младост, каде што се криеше. Според медиумите, тој има 14-годишна затворска казна во Република Северна Македонија за убиство. Спасов живеел во Софија во стан во областа Младост во главниот град. Полицијата добила сигнал дека тој се крие таму. Спасов беше уапсен вчера попладне“, пренесе БНР на својот веб портал.
Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време, а допрва треба да се испитува како ја поминал турско-бугарската граница.
Поранешниот припадник на „тригрите“ е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.