315
Судот во Панама осудил на максимална казна од 50 години затвор седум членови на секта, кои убиле бремена жена и шест деца во ритуал на „егзорцизам“.
Претходно, уште двајца членови на сектата „Нова божја светлина“ беа осудени на по 47 години затвор, јавува ABC News.
На 13 јануари 2020 година, тие поканиле голем број селани во нивната импровизирана црква, а според властите, ги тепале со палки и мачети, додека некои биле принудени да се соблечат и да одат по жар.