Француската гејмерска компанија Ubisoft планира да го искористи следниот дел од својата историска акциона серија Assassin’s Creed, која се развива во античкиот Египет. Ubisoft, во соработка со американската компанија “Гугл” и египтолози, ќе им обезбеди на своите корисници алатка за полесно дешифрирање на знаци, создадена на принципот на автоматско учење и врз база на алгоритми за поефикасна анализа на податоците.
Повикани се научници и историчари, кои ќе создадат “преведувач на хиероглифи”, а целта е во исто време играта да остане достапна за колку е можно повеќе корисници.
Ubisoft ќе ја користи својата видео-игра за да ги запознае своите учесници со Антички Египет, преработени за потребите на Assassin’s Creed: Origins. Со помош на посебен модул, кој ќе може да се извади бесплатно од почетокот на 2018 година носителите на играта ќе можат да се запознаат со факти за многувековна северноафриканска земја, подготвени со помош на историчари.
Целта е овој пат играта, исто така, да се здобие со едукативен карактер покрај моментот на забава.