На Исток се распаѓаат држави, а на Запад – вредности.
Во последната трагична епизода од нашиот заеднички сон, многу од нас се прашуваат како може тоа да е реално. Како во “Волшебникот од Оз”, торнадо ја крева куќичката на малата Дороти, која, покрај стравот, легнува и заспива длабоко, оставајќи ветрот да ја однесе кон непознатото. Тоа сепак не е бајка, бидејќи ниту имаме волшебна земја, ниту добар волшебник кој да нè спаси.
Останаа само вештерките од Истокот и од Западот. Која е оваа демократија која го збуни светот до толку дека откако беше наметната со војни, разгори конфликти која ги погуби сите во кое верувавме?
Која е оваа Европа, која со години го пресретна американскиот сон и се покажа празен како меур?
Каков е овој западен свет кој не престанува да продава оружје и потхранува десетината мали и големи смртоносни конфликти во земјите чии граници ги беа изцртале истите овие европски сили пред помалку од сто години?
Белгија продолжува да продава оружје на Саудиска Арабија. Германија продава се повеќе оружје на Саудиска Арабија. Франција ќе продаде смрт за 10 милијарди, а Брисел и покрај нападите на аеродромот продолжува со нови и нови договори за оружје. Тоа оружје одамна е на сцената на сирискиот смртоносен театар, а САД и Русија им го продаваат на сите.
Нормално, за овој сон, ова е нормално. Божем Франција беше против војната во Ирак, но стана мотор за соборување на Гадафи. Социјалните медиуми, кои ја предизвикаа Арапската пролет, сега испраќаат милиони бегалци кон Европа. Се користат за создавање на терористи и злобна пропаганда, која им го мие разумот од мозоците.
Образовните системи на Исток се целосно уништени. Луѓе кои не можат да си го напишат името фаќаат оружје што “миротворците” од западот им го продале. Убиваат, уриваат газат. Вештерката од истокот им зборува дека вештерката од западот е виновна за тоа дека нивните земји горат. Си подметуваат едни против други, а неписмените и лабилни се подготвени да убиваат во името на работи кои дури и не ги разбираат.
Плашилото се уште нема срце, но сликата е универзалена – не може и не може да разбере што е добро, а што лошо.
Живееме со чудното чувство дека демократијата се повеќе се доближува до диктатурата. Историјата затвора уште еден циклус – онака како што се распаѓа империи и монархии. Тоталитарни ли ќе се повторно режимите на иднината? Слушнете деца – на кого се восхитуваат, за што зборуваат, кој и како го надминува прагот за толеранција и правда?
Бидејќи не може со едната рака да го пуштаат гулабот на мирот, а со другата го продаваат автоматот. Не можеш со едната рака да зборуваш за толеранција, а со другата да преговараш со тирани. Тогаш и генерацијата што расте во овие времиња ќе се удира во деструктивни крајности.
Шизофренично спиење. По Ница уште еднаш си реков, е на Исток, пред нашите очи се распаѓаат држави. На Запад, пред нашите очи се распаѓаат вредности. И на двете места умираат луѓе. Со нив си оди уште голем дел од нашата цивилизација. По Турција веќе сум целосно убеден дека вештерката од Истокот танцува злобен танц со вештерки од Западот. Торнадото ни врти ли врти, а будењето е се така далеку.
