682
Вечерва на патот Горно Блаце – Долно Блаце бил пронајден 56 годишен скопјанец со прострелни рани од огнено оружје кој подлегнал на повредите, велат од МВР.
-Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Како што информираат неколку медиуми неофицијално убиениот е татко на Гани Туша, осомничен за убиството на Орхан Бајрами Оки, еден од водачите на Дуќанџик, што се случи во Грција.Туша е осомничен и за други кривични дела и моментално е во притвор во затворот во Шутка.