Убиство во Македонија, застрелан 35-годишник

од Milan1
500 прегледи

Денес (23.07.2024) во 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско Дебреше со огнено оружје било пукано врз Р.К.(35) од Дебреше, кој починал од здобиените повреди, информираат од МВР.

Како осомничени дека се извршители на делото се браќата Ј.В.и Б.В.од истото село, кои биле со патничко возило „Волво“ со Швајцарски регистерски ознаки.

Едниот од нив, Б.В.е приведен и од истиот е одземена автоматската пушка со која го извршил делото. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини