347
Цените на златото би можеле да пораснат за 10 отсто до крајот на годината поради потенцијалното намалување на каматните стапки, објави швајцарската банкарска корпорација УБС.
Златото, и покрај благиот пад на почетокот на 2024 година, сè уште е над психолошката граница од 2.000 долари за унца, а до крајот на годината може да се искачи на 2.250 долари, бидејќи не треба да се потценува „моќта на пресвртот на американската централна банка FED“ во однос на каматните стапки, сметаат експерти од UBS, пренесува CNBC.
Канадската Scotiabank е повнимателна и верува дека унца злато ќе чини 2.000 долари на крајот на тековната година.