105
Ученикот од трето одделение од ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската населба „Ново Лисиче“ ќе биде префрлено на онлајн настава до крајот на првото полугодие, додека надлежните ќе вршат соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението.
Бојкотот на наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“ е прекинат и децата од вторник се враќаат во училишните клупи, одлучи вечерва Советот на родители.
Учениците од ова основно училиште пред два дена почнаа со бојкотот откако проблематичниот ученик, по неуспехот да се префрли во ОУ „11 Октомври“, каде што исто така имаше бојкот и тој беше вратен во ОУ „Лазо Ангеловски“. Родителите на соучениците на детето уште лани бараа тоа да се префрли во друго училиште.