Учебникот по историја за седмо одделение пред македонско-бугарската Комисија

од Берта Китинска
316 прегледи

Mултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу С. Македонија и Република Бугарија, денеска и утре ќе одржат нов состанок

Осумнаесеттиот состанокот ќе се одржи во Скопје, а на дневен ред ќе бидат забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.

Копретседавач од македонска страна во заедничката македонско-бугарската Комисија, Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите.

Слични содржини