Учебниците што ги откупува и дистрибуира МОН навреме ќе стигнат до училиштата, соопшти министерката Мила Царовска.
За прво одделение се печатат учебници по нови наставни програми и според новата Концепција за основно образование и тие навреме ќе бидат распределени. Во четврто одделение, каде што исто така ќе се работи по нови наставни програми како и во прво, треба да почне дигитализацијата.
Бирото за развој на образованието, посочи Царовска, има подготвено материјали за учење за четвртоодделенците. Дигиталните учебници ќе бидат поставени на платформи за преземање, а децата во социјален ризик на реверс од училиштата ќе добијат дигитални уреди на кои, рече Царовска, симнати се 3000, а се очекуваат уште 7000, со што и овие ученици ќе имаат еднаков пристап до содржините.
-Тоа се материјали за учење подготвени од Бирото за развој на образованието заедно со авторски тимови и поминати од рецензенти, подготвени по дадена методологија, кои влегуваат во четврто одделение по новата Концепција, изјави денеска Царовска