71
Полицијата привела петмина малолетници од Куманово, кои во понеделникот нападнале нивни врсници во центарот на Куманово.
„Тие се сомничат дека на 02. декември на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово физички нападнале неколку други малолетници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.
Еден од нападнатите средношколци се здобил со повреда на главата од метален боксирач, по што побарал лекарска помош.
Нападот се случил додека учениците чекале автобус пред зградите на т.н. Серава, каде наишла група од млади луѓе со маски фантомки на главите. Прво дошло до меѓусебни дофрлања, по што настанала тепачка.